
Инвестиции во развивање на аквакултурата, односно изградба и опрема на фарми за слатководна риба се поддржани од ИПАРД со грант до 65% во рурални населени места со број на жители под 30.000.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.
ПРИФАТЛИВИ БАРАТЕЛИ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
-
Земјоделско стопанство
-
Трговско друштво / трговец поединец
-
Задруга









