ИПАРД 2021-2027 Печурки, тартуфи, компост


pecurki-i-tartufi

Инвестиции во oдгледување на печурки и тартуфи и производство на компост за печурки се поддржани од ИПАРД  со грант 65% во рурални населени места со број на жители под 30.000.

Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.
ПРИФАТЛИВИ БАРАТЕЛИ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
  • Земјоделско стопанство
  • Трговско друштво / трговец поединец
  • Задруга
Барателот задолжително треба да биде рангиран во категорија на микро или мало претпријатие. Микро петпријатие со број на вработени помалку од 10 и годишен обрт помал од 2 милиони евра и мало претпријатие до 50 вработени и годишен обрт до 10 милиони евра.

 

За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!

Напишете коментар