ИПАРД 2021-2027 Одгледување пчели


www.freepix4all.com

Инвестиции за воспоставување за одгледување на пчелни матици се поддржани од ИПАРД  со грант до 65% во рурални населени место под 30.000 жители.
Барателите треба да имаат регистрирано одгледувалиште во Агенцијата за храна и ветерина на РМ кој е предмет на инвестицијата.

ПРИФАТЛИВИ БАРАТЕЛИ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
  • Земјоделско стопанство
  • Трговско друштво / трговец поединец
  • Задруга
Барателот потребно е да ги исполнува стандардите за безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина. За инвестициите кои вклучуваат градежни работи е потребно да се изготви техничка документација.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.

 

За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!

Напишете коментар