
Оваа инвестиција е поддржана со неповратен грант од 60% до 65% (за млади земјоделци) до 70% (за планински места) за ОБНОВУВАЊЕ И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ОВОШНИ НАСАДИ.
Кој може да биде корисник
-Земјоделско стопанство
-Трговско друштво / трговец поединец
-Физичко лице за нови инвестиции
Вкупна вредност на прифатливи трошоци за ко-финансирање по поединечен корисник изнесува во минимален износ на прифатливи трошоци од 3.000 евра.
Еден корисник може да користи средства за инвестиции во максимален износ од 1.500.000 евра за финансискиот период до 2020 година.









