
ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА И ТЕХНОЛОШКО ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА ПОСТОЈНИТЕ ЛИНИИ НА КЛАНИЧНИ КАПАЦИТЕТИ ЗА ЖИВИНА ИПАРД кофинансира со грант од 50%. Минималната прифатлива вредност за кофинансирање изнесува 10.000 евра, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 4.500.000 евра. Овој процент на кофинансирање се зголемува за 10% доколку се инвестира во енергетска ефикасност, производство на биоенергија и енергија од обновливи извори како и третман на отпадни води и канализација.
Кој може да биде корисник?
-
Правни лица основани согласно Законот за трговски друштва, кои влегуваат во рамките на мало и средно претпријатие, над 10 вработени и обрт од над 2 милиони евра
-
Земјоделски задруги основани согласно Законот за земјоделски задруги
За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!









