
Доколку се занимавате со кетеринг односно достава на храна и пијалоци за посебни прилики може да ги искористите средствата од ИПАРД програмата за изградба на објекти и/или набавување опрема со процент на кофинансирање до 65%.
Потребно е инвестицијата да биде во рурална средина, односно населено место под 30.000 жители.
Корисници на оваа мерка може да бидат:
-
Трговски друштва/поединец
-
Занаетчии
Барателот задолжително треба да биде рангиран во категорија на микро или мало претпријатие. Микро петпријатие со број на вработени помалку од 10 и годишен обрт помал од 2 милиони евра и мало претпријатие до 50 вработени и годишен обрт до 10 милиони евра.
Барателот занаетчија потребно е да биде запишан во Регистарот на Занаетчии, согласно Правилникот за исполнување на минимални технички услови за вршење на занаетчиска дејност.









