
За инвестиции во модернизирање и технолошко осовременување на капацитетите за млечни производи, ИПАРД кофинансира со 50% при што минималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 10.000 евра, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 4.500.000 евра, во мерка Инвестиции во физички средства за преработка и маркетинг на земјоделските и рибните производи. Овој процент на кофинансирање се зголемува за 10% доколку се инвестира во енергетска ефикасност, производство на биоенергија и енергија од обновливи извори како и третман на отпадни води и канализација.
Кој може да биде корисник?
– Правни лица основани согласно Законот за трговски друштва, кои влегуваат во рамките на мало и средно претпријатие согласно Препораката 2003/361/ЕС, и кои се регистрирани во системот на ДДВ во согласност со Законот за данокот на додадена вредност.
– Земјоделски задруги основани согласно Законот за земјоделски задруги
За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!









