
ИПАРД кофинансира изградба на ветеринарни станици и модернизирање на истите во рурални средини (до 30.000 илјади жители), со грант до 65%. Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 1.500 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.
Барателот може да биде ТРГОВСКО ДРУШТВО / ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ основано согласно Законот за трговски друштва, рангиран како мало или микро претпријатие. Микро претпријатије е до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра, додека мало е до 50 вработени со годишен обрт до 10 милиони евра.
За инвестициите во вршење на ветеринарна дејност, Барателот треба да има Одобрение за вршење на дејност издадено од страна на Агенција за храна и ветерина на РМ согласно Законот за ветеринарно здравство, исто така Одобрението е потребно и за воспоставување на нови капацитети за ветерина.
За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!









