
Инвестициите во воспоставување и модернизирање на откупни центри за шумски производи може да аплицираат за неповратен ИПАРД грант до 65%.
ПРИФАТЛИВИ БАРАТЕЛИ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
-
Трговско друштво / трговец поединец
-
Задруга
Потребно е да сте лоцирани во средини (мали градови и села) до 30.000 жители.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.
Барателот задолжително треба да биде рангиран во категорија на микро или мало претпријатие. Микро петпријатие со број на вработени помалку од 10 и годишен обрт помал од 2 милиони евра и мало претпријатие до 50 вработени и годишен обрт до 10 милиони евра.
За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!









