
ИПАРД програмата кофинансира 65% за производство и преработка на растителни масла: сончогледово семе масло, маслени семки, маслодајно семе, маргарин во мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси за создавање на мали капацитети за производство на храна.
Во овој тип на инвестиција може да аплицираат:
-
Земјоделско стопанство
-
Трговско друштво / трговец поединец
-
Задруга
-
Занаетчија
Критериуми за микро претпријатијата се до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и мали претпријатија кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 1.500 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност
Потребно е да сте лоцирани во средини (мали градови и села) до 30.000 жители.
За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!









