ИПАРД 2021-2027 Фризерски салони и салони за разубавување


frizer

Доколку поседувате вештини за разубавување на другите може да ги искористите средствата од ИПАРД програмата за изградба на објекти и/или набавување опрема со процент на кофинансирање до 65%.
Потребно е инвестицијата да биде во рурална средина, односно населено место под 30.000 жители.

Корисници на оваа мерка може да бидат:
  1. Трговски друштва/поединец
  2. Занаетчии
Барателот задолжително треба да биде рангиран во категорија на микро или мало претпријатие. Микро петпријатие со број на вработени помалку од 10 и годишен обрт помал од 2 милиони евра и мало претпријатие до 50 вработени и годишен обрт до 10 милиони евра.
Барателот занаетчија потребно е да биде запишан во Регистарот на Занаетчии, согласно Правилникот за исполнување на минимални технички услови за вршење на занаетчиска дејност.
Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.

 

За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!

Напишете коментар