ИПАРД 2021-2027 Алкохолни пијалоци од овошје


alkohol-od-ovoshje

ИПАРД програмата кофинансира 65% за производство на алкохолни пијалоци од други видови овошје, јаболковина и сајдер во мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси за создавање на мали капацитети за производство на храна.
Во овој тип на инвестиција  може да аплицираат:
  • Земјоделско стопанство
  • Трговско друштво / трговец поединец
  • Задруга
  • Занаетчија

Критериуми за микро претпријатијата се до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и мали претпријатија кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 1.500 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност
Потребно е да сте лоцирани во средини (мали градови и села) до 30.000 жители.
Потребно е барателите да имаат соодветен доказ (диплома или сертификат) за образование од дејноста или да се согласни дека ќе посетуваат соодветна обука од дејноста.

 

За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!

Напишете коментар