ИПАРД 2021-2027 Производство на облека


good_clothing_company-0051

ИПАРД ве кофинансира со грант до 65% од вкупната инвестиција доколку се занимавате со производство на облека, кожна, плетена, хеклана облека, прибори за облека. Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.

Потребно е инвестицијата да биде во рурална средина, односно населено место под 30.000 жители.
ПРИФАТЛИВИ БАРАТЕЛИ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
  1. Земјоделско стопанство
  2. Трговско друштво / трговец поединец
  3. Занаетчија
Трговските друштва или Трговците поединци се прифатливи како баратели доколку истите се рангирани во категорија на микро претрпијатие (до 10 вработени и годишен обрт помал од 2 милиони евра).
Барателот занаетчија потребно е да биде запишан во Регистарот на Занаетчии, согласно Правилникот за исполнување на минимални технички услови за вршење на занаетчиска дејност.

 

За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!

Напишете коментар