ИПАРД 2021-2027 Дом за стари лица и центар за нега


 

3865x2577
ИПАРД програмата дава 65% неповратни средства за изградба на старски дом или дневен центар за стари лица. Прифатливи баратели се:
  1. Трговско друштво / трговец поединец
  2. Занаетчија
Барателот задолжително треба да биде рангиран во категорија на микро или мало претпријатие. Микро петпријатие со број на вработени помалку од 10 и годишен обрт помал од 2 милиони евра и мало претпријатие до 50 вработени и годишен обрт до 10 милиони евра.

Барателот занаетчија потребно е да биде запишан во Регистарот на Занаетчии, согласно Правилникот за исполнување на минимални технички услови за вршење на занаетчиска дејност.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.

Локацијатата на инвестицијата мора да се наоѓа во рурална средина (сите населени места под 30.000 жители се сметаат за рурални).

За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!

 

Напишете коментар