
ИПАРД програмата ги кофинансира инвестициите кои имаат за цел да го подобрат руралниот туризам ЗА КАПАЦИТЕТИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА ОТВОРЕНО. ИПАРД максимално кофинансира 1.000.000 евра или процент на кофинансирање до 65%.
Овој тип на поддршка за објекти наменети за рурален туризам опфаќа:
Инвестиции во изградба / реконструкција на места за сместување на отворено (т.е. област за кампување, камп приколки, бунгалови и др), угостителски објекти во руралните средини, обезбедување на санитарни / хигиенските барања, дополнителни рекреативни објекти;
Набавка на опрема за технички услуги, вклучувајќи обезбедување на инфраструктура за поврзување и опрема за одржлив употреба на енергијата од обновливи извори;
Набавка и инсталација на опрема и исполнување на еколошките, санитарни и хигиенски стандарди;
Инвестиции во опрема за сместување на отворено, угостителски услуги и рекреативни објекти
За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!









