За производство на етерични масла или фармацевтски препарати може да аплицирате за ИПАРД поддршка од 65% неповратен финансиски грант.
Во овој тип на инвестиција 30212 создавање на активности за непрехрамбени активности може да аплицираат:
-
Земјоделско стопанство
-
Трговско друштво / трговец поединец
-
Задруга
-
Занаетчија
Во случај на инвестициите во постоечки капацитети за производство на етерични масла / парфеми и тоалетни препарати / фармацевтски препарати барателот потребно е да достави доказ за имплементирање на стандардите пропишани со Добрата Производна Пракса и Добрата Лабораториска Пракса додека пак во случај на нови инвестиции потребно е Барателот на крајот на реализација на инвестицијата да достави доказ за имплементирање на стандардите пропишани со Добрата Производна Пракса и Добрата Лабораториска Пракса -Министерство за Здравство (Државен Санитарен и Здравствен Инспекторат на РМ).









