ИПАРД 2021-2027 Откупни центри за овошје и зеленчук

За инвестиции во откупни центри за овошје и зеленчук ИПАРД кофинансира со 50% при што минималната прифатлива вредност изнесува 10.000 евра, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 4.500.000 евра. Овој процент на кофинансирање се зголемува за 10% доколку се инвестира во енергетска ефикасност, производство на биоенергија и енергија од обновливи извори како и…

ИПАРД 2021-2027 Трпезно грозје и медоносни дрвја

Инвестиции во ОБНОВУВАЊЕ И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ОВОШНИ НАСАДИ, овоштарници, вклучително и трпезно грозје и/или медоносни дрва (за производство на мед) се поддржани со неповратен грант од 60%, 65%(за млади земјоделци) до 70% (за планински места).

ИПАРД 2021-2027 Конзервирање овошје

ИПАРД програмата кофинансира 65% за производство, преработка и конзервирање на овошје во мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси за создавање на мали капацитети за производство на храна.

ИПАРД 2021-2027 Алкохолни пијалоци од овошје

ИПАРД програмата кофинансира 65% за производство на алкохолни пијалоци од други видови овошје, јаболковина и сајдер во мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси за создавање на мали капацитети за производство на храна. Во овој тип на инвестиција  може да аплицираат: Земјоделско стопанство Трговско друштво / трговец поединец Задруга Занаетчија

ИПАРД 2007-2013 Џем, мармалад, желе, компоти, сушено и конзервирано овошје

ИПАРД програмата кофинансира производство, преработка и конзервирање на овошје и зеленчук во Тип на инвестиција 30211 Создавање на мали капацитети за производство на храна.