ИПАРД 2021-2027 КЕТЕРИНГ

Доколку се занимавате со кетеринг односно достава на храна и пијалоци за посебни прилики може да ги искористите средствата од ИПАРД програмата за изградба на објекти и/или набавување опрема со процент на кофинансирање до 65%.

ИПАРД 2021-2027 Откупни центри за шумски производи

Инвестициите во воспоставување и модернизирање на откупни центри за шумски производи може да аплицираат за неповратен ИПАРД грант до 65%.

ИПАРД 2021-2027 Производство на тестенини

ИПАРД програмата кофинансира 65% за производство на традиционалните тестенини како “јуфки”, “тарана”, “кадаиф”, кнедли и слични тестенини производи, без разлика варени или неварени или полнети во мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси за создавање на мали капацитети за производство на храна.

ИПАРД 2021-2027 Производство на ориз

ИПАРД програмата кофинансира 65% за производство и обработка на ориз: бланширан, мелен, полиран, глазиран, делумно сварен или конвертиран и производство на брашно од ориз во мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси за создавање на мали капацитети за производство на храна.

ИПАРД 2021-2027 Кондиторски производи

ИПАРД програмата кофинансира 65% за производство на кондиторски производи: конзервирани слатки и печива во мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси за создавање на мали капацитети за производство на храна.

ИПАРД 2021-2027 Пекарски производи

ИПАРД програмата кофинансира производство на пекарски производи и мелење на жита: леб и кифли, печива, колачи, слатки пити, вафли, бисквити и други суви пекарски производи, без разлика дали се слатки или солени во мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси за создавање на мали капацитети за производство на храна.

ИПАРД 2021-2027 Млечни производи

ИПАРД програмата кофинансира 65% за производство на млечни производи: јогурт, кисело млеко, сирење (бело сирење, меко сирење, кашкавал), путер, млечни намази, изварка (т.е. урда), павлака, сурутка и сладолед во мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси за создавање на мали капацитети за производство на храна.