ИПАРД 2018-КЕТЕРИНГ

Доколку се занимавате со кетеринг односно достава на храна и пијалоци за посебни прилики може да ги искористите средствата од ИПАРД програмата за изградба на објекти и/или набавување опрема со процент на кофинансирање до 65%.

ИПАРД 2018-Производство на тестенини

ИПАРД програмата кофинансира 65% за производство на традиционалните тестенини како “јуфки”, “тарана”, “кадаиф”, кнедли и слични тестенини производи, без разлика варени или неварени или полнети во мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси за создавање на мали капацитети за производство на храна.

ИПАРД 2018-Производство на ориз

ИПАРД програмата кофинансира 65% за производство и обработка на ориз: бланширан, мелен, полиран, глазиран, делумно сварен или конвертиран и производство на брашно од ориз во мерка Диверзификација на фармите и развој на бизниси за создавање на мали капацитети за производство на храна.