ИПАРД 2021-2027 Етерични масла


372631-1680x1050

Доколку вашата дејност е производство на етерички масла  или фармацевтски препарати може да аплицирате за ИПАРД поддршка до 65%. ИПАРД кофинансира производство на екстракти од природни ароматични продукти;производство на миризливи мешавини за произведување на храна ;преработка на ботанички производи (мелење, сортирање, дробење) за фармацевска индустрија.

Во овој тип на инвестиција може да аплицираат:

  1. Земјоделско стопанство

  2. Трговско друштво / трговец поединец

  3. Задруга

  4. Занаетчија

Критериуми за микро претпријатијата се до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и мали претпријатија кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра.

Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 1.500 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.

 

За повеќе информации и советувања од СЕТТИМ Консалтинг, нарачајте го ИПАРД информаторот!

Напишете коментар