ИПАРД 2018 – ЕТНО СЕЛО


etno-hotel

ИПАРД програмата ги кофинансира инвестициите кои имаат за цел да го подобрат руралниот туризам. ЗА ИЗГРАДБА/РЕКОНСТРУКЦИЈА И МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ЗА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ, ИПАРД максимално кофинансира  1.000.000 евра или процент на кофинансирање до 65%.
КРИТЕРИУМИ ЗА ГОЛЕМИНА НА КАПАЦИТЕТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТИ ЗА ИСХРАНА  доколку барателот е Правен субјект
– Капацитетот за внатрешна сместувањето не смее да биде повеќе од 30 соби за сместување на максимум 50 лица (невклучувајќи ги дополнителните кревети за деца), и/или
– Капацитетот на угостителскиот објект / објектот за дегустација може да бидат организирани за послужување на храна на максимум 70 гости.
КРИТЕРИУМИ ЗА ГОЛЕМИНА НА КАПАЦИТЕТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТИ ЗА ИСХРАНА доколку барателот е Земјоделско стопанство
– Капацитетот за внатрешна сместување на земјоделското стопанство не смее да биде повеќе од 10 соби (вклучувајќи апартмани) и за сместување на максимум 30 лица (невклучувајќи ги дополнителните кревети за деца), и/или
– Капацитетот за угостителска дејност мора да бидат организирани за послужување исклучиво на доручек во согласност со капацитетите за сместување.
КРИТЕРИУМИ  ЗА ГОЛЕМИНА НА КАПАЦИТЕТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТИ ЗА ИСХРАНА доколку барателот е физичко лице:
-капацитетот за внатрешна сместување на земјоделското стопанство не смее да биде повеќе од 10 соби (вклучувајќи апартмани) и за сместување на максимум 30 лица (невклучувајќи ги дополнителните кревети за деца), и/или
-капацитетот за угостителска дејност мора да бидат организирани за послужување исклучиво на доручек во согласност со капацитетите за сместување.
Инвестициите поднесени од страна на Барателот треба да бидат во согласност со минималните – технички услови за вршење на угостителска дејност кои се пропишани со Правилникот за исполнување на минимални технички услови за вршење на угостителска дејност сл.весник на (Сл. Весник на РМ 16/2006), или да го достави на крајот на инвестицијата Решението за исполнување на минимални технички услови за вршење угостителска дејност.

 

За повеќе информации и советувања околу ИПАРД програмата контактирајте не:
settimconsulting@gmail.com

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s