ИПАРД 2007-2013 Џем, мармалад, желе, компоти, сушено и конзервирано овошје


marmalad

ИПАРД програмата кофинансира производство, преработка и конзервирање на овошје и зеленчук во Тип на инвестиција 30211 Создавање на мали капацитети за производство на храна.

Во овој тип на инвестиција 30211 може да аплицираат:

Земјоделско стопанство
Трговско друштво / трговец поединец
Задруга
Занаетчија

Претпријатијата кои се лоцирани во средини (мали градови и села) до 30.000 жители се сметаат за рурални средини и се опфатени од ИПАРД програмата. Исто така, микро претпријатијата до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и мали претрпијатијата кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра влегуваат во ИПАРД критериумите. Потребно е барателите да имаат соодветен доказ (диплома или сертификат) за образование од дејноста или да се согласни дека ќе посетуваат соодветна обука од дејноста.

За вашата инвестиција може да добиете финансиска неповратна поддршка од ИПАРД од 65% доколку вршите набавка на основни средства за работа (опрема и машини) или пак се инвестира во реконструкција или нова градба во смисла во сите фази (од изведба на градба, енергетски решенија, комунални приклучоци и слично).

Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 1.500 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.

Ви Благодариме,
Тимот на СЕТТИМ Консалтинг
Следете не: Web: http://www.settimconsulting.wordpress.com
Facebook: Settim Consulting

(Содржините се превземаат само со писмена согласност на СЕТТИМ Консалтинг)

Напишете коментар