ИПАРД 2007-2013 Откупни центри за шумски производи


IPARD borovinki

Инвестициите во воспоставување и модернизирање на откупни центри за шумски производи може да аплицираат за неповратен ИПАРД грант од 65%, во тип на инвестиција 30213 ВОСПОСТАВУВАЊЕ И МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ОТКУПНИ ЦЕНТРИ ЗА ШУМСКИ ПРОИЗВОДИ. Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013 изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност
ПРИФАТЛИВИ БАРАТЕЛИ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
  1. Трговско друштво / трговец поединец (рангиран во категорија на микро или мало претпријатие)
  2. Задруга

Барателот задолжително треба да биде рангиран во категорија на микро или мало претпријатие (до 10 вработени и годишен обрт под 2 милиони евра).
Барателот задолжително треба да биде регистриран во Регистерот на правни лица – откупувачи, односно за организација и вршење откуп на шумски производи, односно потребно е да бидат исполнети општите услови за вршење откуп според други позитивни законски одредби.
Барателот треба да има регистрирано откупен пункт (пунктови) на територијата на Подружниците на ЈП Македонски шуми каде планира да врши откуп на ДПШ, и централен собирен магацин или преработувачки центар од каде се финализираат производите за пуштање во промет или извоз.
Собирните центри за култивирани печурки и овошје не се прифатливи за финансиска поддршка, бидејќи тие дејности се предмет на финансиска поддршка во мерка 103 од Ипард Програмата 2007-2013
Ви Благодариме,
Тимот на СЕТТИМ Консалтинг
Следете не: Web: www.settimconsulting.wordpress.com
Facebook: Settim Consulting

 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s