
Доколку се занимавате со поправка и сервис на возила, моторцикли и земјоделски машини може ги искористите средствата од ИПАРД програмата за подигнување на објекти за механичарски услуги и/или набавување опрема во подмерка 30215 ПОДДРШКА ЗА УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ ВО РУРАЛНИ СРЕДИНИ (НЕЗЕМЈОДЕЛСКИ УСЛУГИ) од мерката 302 Диверзификација и развој на рурални економски активности. Потребно е инвестицијата да биде во рурална средина, односно населено место под 30.000 жители.
ИПАРД ве кофинансира со грант од 65% од вкупната инвестиција. Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013 изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.
Корисници на оваа мерка може да бидат:
1. Трговски друштва/поединец
2. Занаетчии









