
Мерка 10152 ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА НОВИ ЖИВИНАРСКИ КАПАЦИТЕТИ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ НА БРОЈЛЕРИ И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ПОСТОЕЧКИТЕ со грант од 50%. Минимални прифатливи трошоци се 10.000 евра, додека максимални 4.500.000 евра во текот на имплементирање на програмата.
Критериум за достигнување на стандардите за благосостојба на животните е минимум 33кг/м2 или 17 бројлери на 1м2 .
Кој може да биде корисник?
-
Земјоделско стопанство кое е регистрирано во Единствениот Регистар на Земјоделски стопанства – претставувано од физичко лице или индивидуален земјоделец или како земјоделско стопанство претставувано од правно лице.
-
Физички лица и правни лица, кои што предлагаат нови инвестиции кои се однесуваат на земјоделски активности во соодветен приоритетен сектор при што ќе бидат регистрирани во Единствениот Регистар на Земјоделски стопанства (ЕРЗС) на крајот на реализација на инветицијата;
-
Правни лица можат да добијат поддршка доколку во својот вкупен капитал имаат удел од државата во висина не повеќе од 25% за целото времетраење на проектот и во период од најмалку 5 години од завршување на инвестиционата активност финансирана од оваа програма се прифатливи потенцијални корисници за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013.
Корисникот за цело времетраење на договорот склучен со АФПЗРР не смее да го смени сопствениот статусот, односно не смее да преминува од еден во друг организационен облик (пр. од физичко во правно лице).
Ви Благодариме,









