ИПАРД поддршка од 50% во мерка 103 Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија. Минималната прифатлива вредност кофинансирање од 50% на инвестиција изнесува 10.000 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 4.500.000 евра во денарска противвредност.
Тип на инвестиција
10342 МОДЕРНИЗАЦИЈА И ТЕХНОЛОШКО ОСОВРЕМЕНУВАЊЕ НА ПОСТОЈНИТЕ ЛИНИИ НА КЛАНИЧНИ КАПАЦИТЕТИ ЗА ГОВЕДА, СВИЊИ, ОВЦИ/ЈАГНИЊА
-
Кој може да биде корисник по мерка 103?
-
Правни лица основани согласно Законот за трговски друштва, кои влегуваат во рамките на мало и средно претпријатие согласно Препораката 2003/361/ЕС, и кои се регистрирани во системот на ДДВ во согласност со Законот за данокот на додадена вредност.
-
Земјоделски задруги основани согласно Законот за земјоделски задруги со основна дејност земјоделство само за подмерките 10321 Инвестиции за воспоставување и модернизирање на откупни центри за овошје и зеленчук и 10331 Инвестиции за воспоставување и модернизација на собирни центри за млеко.
Со тоа што правните лица во рангот на големи претпријатија можат да аплицираат за финансиска поддршка само во случај кога целта на инвестицијата е достигнување на стандардите на Заедницата . Исто така се одобруваат апликации на средни претпријатија и мали претпријатија, кои имаат над 10 вработени и обрт од над 2 милиони евра. Микро претпријатијата со вработени под 10 лица и обрт под 2 милиони евра не може да ја користат оваа мерка.










