Тип на инвестиција 30232 ВОСПОСТАВУВАЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРИВАТНИТЕ ВЕТЕРИНАРНИ УСЛУГИ.
Проектот е прифатлив за финансирање доколку локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата се наоѓа во рурална средина (до 30.000 илјади жители). Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 1.500 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.
ПРИФАТЛИВА ВРЕДНОСТ ЗА КО-ФИНАНСИРАЊЕ
Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.
Барателот може да биде ТРГОВСКО ДРУШТВО / ТРГОВЕЦ ПОЕДИНЕЦ основано согласно Законот за трговски друштва, рангиран како мало или микро претпријатие. Микро претпријатије е до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра.










