Во мерка 30212 создавање на активности за непрехрамбени активности ИПАРД со 65% грант кофинансира Производство на готова храна за домашни миленици, вклучувајќи кучиња, мачки, птици, риби итн; Обработка на отпадот и остатоците од кланица за производство на храна за домашни животни во приходна шифра 10.92 Производство на готова храна за домашни миленици.
Во овој тип на инвестиција 30212 може да аплицираат:
-
Земјоделско стопанство
-
Трговско друштво / трговец поединец
-
Задруга
-
Занаетчија
Потребно е претпријатијата да се лоцирано во средини (мали градови и села) до 30.000 жители кои се сметаат за рурални средини и се опфатени од ИПАРД програмата. Исто така, микро претпријатијата до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и макро претрпијатијата кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра влегуваат во ИПАРД критериумите. Потребно е барателите да имаат соодветен доказ (диплома или сертификат) за образование од дејноста или да се согласни дека ќе посетуваат соодветна обука од дејноста.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 1.500 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност. За вашата инвестиција може да добиете финансиска неповратна поддршка од ИПАРД од 65% доколку вршите набавка на основни средства за работа (опрема и машини) или пак се инвестира во реконструкција или нова градба во смисла во сите фази (од изведба на градба, енергетски решенија, комунални приклучоци и слично).
Ви Благодариме,









