Со Мерка 103- Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделските и рибни производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија се придонесува кон зголемување на конкурентноста на секторот со голем потенцијал за отворање на нови работни места. Во подмерката 10311- Инвестиции во подобрување на квалитетот на виното, може да аплицирате за кофинасирање на модернизација на производствените капацитети на вино.
Минималната прифатлива вредност кофинансирање од 50% на инвестиција изнесува 10.000 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 4.500.000 евра во денарска противвредност.
Кој може да биде корисник по мерка 103?
– Правни лица основани согласно Законот за трговски друштва, кои влегуваат во рамките на мало и средно претпријатие согласно Препораката 2003/361/ЕС, и кои се регистрирани во системот на ДДВ во согласност со Законот за данокот на додадена вредност.
– Земјоделски задруги основани согласно Законот за земјоделски задруги со основна дејност земјоделство само за подмерките 10331 Инвестиции за воспоставување и модернизација на собирни центри за млеко.
Со тоа што правните лица во рангот на големи претпријатија можат да аплицираат за финансиска поддршка само во случај кога целта на инвестицијата е достигнување на стандардите на Заедницата . Исто така се одобруваат апликации на средни претпријатија и мали претпријатија, кои имаат над 10 вработени и обрт од над 2 милиони евра.