ИПАРД 2007-2013 Природни и вештачки ѓубрива


gubrinja

ИПАРД ве кофинансира со 65% за  Производство на вештачки ѓубрива, азотни соединенија и шалитра. Оваа инвестиција е во мерка 302, подмерка 30212 Создавање активности за не-прехрамбени активности.
Во овој тип на инвестиција 30212 Создавање на активности за непрехрамбени активности може да аплицираат:
  1. Земјоделско стопанство
  2. Трговско друштво / трговец поединец
  3. Занаетчија
  4. Задруга

Во случај на ннвестициите во постоечки капацитети за производство на ѓубриња, Барателот потребно е да биде регистриран во Регистарот за производство на ѓубриња.
Во случај на инвестиции во воспоставување на нови производни капацитети, инвестициите треба да бидат во согласност со Законот за квалитет и безбедност на ѓубриња, биостимулатори и подобрувачи на својствата на почвата односно Барателот треба да биде регистриран во Регистарот на производство / пласирање на ѓубриња на крајот на реализација на инвестицијата односно при поднесување на Барањето за исплата.

 

За производство на органски отпад од неживотинско потекло потребно е да сте регистрирани како:
1.Земјоделско стопанство
2.Трговско друштво / трговец поединец
3. Задруга
Оваа инвестиција е поддржана во мерка 30221 воведување на алтернативни системи за земјоделско производство.
Во случај на инвестициите во собирање и/или преработка на безопасен отпад, Барателот потребно е да има ги има исполнето минималните технички услови за собирање / преработка на отпад односно потребно е да има Одобрение за вршење на соодветната дејност – Министерство за животна средина на РМ, односно во случај на воспоставување на нови капацитети потребно е да ги исполни горенаведените критериуми на крајот на реализација на инвестицијата.
Потребно е претпријатијата да се лоцирани во средини (мали градови и села) до 30.000 жители кои се сметаат за рурални средини и се опфатени од ИПАРД програмата. Исто така, микро претпријатијата до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и мали претрпијатијата кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра влегуваат во ИПАРД критериумите. Потребно е барателите да имаат соодветен доказ (диплома или сертификат) за образование од дејноста или да се согласни дека ќе посетуваат соодветна обука од дејноста.
 
Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 1.500 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.
Ви Благодариме,
Тимот на СЕТТИМ Консалтинг
Следете не: Web: www.settimconsulting.wordpress.com
Facebook: Settim Consulting
(содржините се преземаат само со писмена согласност од Сеттим Консалтинг)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s