ИПАРД 2007-2013 Пестициди и агрохемиски производи


pesticidiДоколку вашата дејност е Производство на пестициди и други агрохемиски производи како и други хемикалии за земјоделството  може да аплицирате за ИПАРД поддршка од 65% во мерка 30212 Создавање на активности за непрехрамбени активности.

Во овој тип на инвестиција 30212 може да аплицираат:
  1. Земјоделско стопанство
  2. Трговско друштво / трговец поединец
  3. Задруга
  4. Занаетчија
Во случај на ннвестициите во постоечки капацитети за производство на производи за заштита на растенијата Барателот потребно е да биде регистриран во Регистарот на правни лица за производство, пласирање на големо и на мало во специјализирани продавници на производи за заштита на растенијата. Во случај на инвестиции во воспоставување на нови производни капацитети, инвестициите треба да бидат во согласност со Правилникот за поблиските услови за производство, складирање, пласирање на пазарот на производите за заштита на растенијата, формата и содржина и начин на водење на регистерот .
Потребно е претпријатијата да се лоцирано во средини (мали градови и села) до 30.000 жители кои се сметаат за рурални средини и се опфатени од ИПАРД програмата. Исто така, микро претпријатијата до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и макро претрпијатијата кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра влегуваат во ИПАРД критериумите. Потребно е барателите да имаат соодветен доказ (диплома или сертификат) за образование од дејноста или да се согласни дека ќе посетуваат соодветна обука од дејноста.

 

Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 1.500 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.

 

Ви Благодариме,
Тимот на СЕТТИМ Консалтинг
Следете не: Web: www.settimconsulting.wordpress.com
Facebook: Settim Consulting
(Содржините се превземаат само со писмена согласност на СЕТТИМ Консалтинг)

Напишете коментар