ИПАРД поддржува Производство на миризливи мешавини, парфеми, тоалетни препарати и козметички сапуни со 65% финансиски неповратен грант.
Во овој тип на инвестиција 30212 Создавање на активности за непрехрамбени активности може да аплицираат:
-
Земјоделско стопанство
-
Трговско друштво / трговец поединец
-
Задруга
-
Занаетчија
Во случај на инвестициите во постоечки капацитети за производство на етерични масла / парфеми и тоалетни препарати / фармацевтски препарати барателот потребно е да достави доказ за имплементирање на стандардите пропишани со Добрата Производна Пракса додека пак при нови инвестиции потребно е Барателот на крајот на реализација на инвестицијата да достави доказ за имплементирање на стандардите пропишани со Добрата Производна Пракса.
Потребно е претпријатијата да се лоцирано во средини (мали градови и села) до 30.000 жители кои се сметаат за рурални средини и се опфатени од ИПАРД програмата. Исто така, микро претпријатијата до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и мали претрпијатијата кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра влегуваат во ИПАРД критериумите. Потребно е барателите да имаат соодветен доказ (диплома или сертификат) за образование од дејноста или да се согласни дека ќе посетуваат соодветна обука од дејноста.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 1.500 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.









