ИПАРД 2007-2013 Камен и производи од камен


kamen
ИПАРД ве кофинансира со 65% за  сечење, обликување и доработка (обработка) на камен за употреба во градежништвото, на гробишта, во изградбата на патишта, за покривање на покриви  и производство на мебел од камен. Оваа инвестиција е во мерка 302, подмерка 30214 Промовирање на традиционални занаети.

Во овој тип на инвестиција 30214 Промовирање на традиционални занаети може да аплицираат:
  1. Земјоделско стопанство
  2. Трговско друштво / трговец поединец
  3. Занаетчија
Претпријатијата кои се лоцирани во средини (мали градови и села) до 30.000 жители се сметаат за рурални средини и се опфатени од ИПАРД програмата. Исто така, микро претпријатијата до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и мали претрпијатијата кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра влегуваат во ИПАРД критериумите. Потребно е барателите да имаат соодветен доказ (диплома или сертификат) за образование од дејноста или да се согласни дека ќе посетуваат соодветна обука од дејноста.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 1.500 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.
Ви Благодариме,
Тимот на СЕТТИМ Консалтинг
Следете не: Web: www.settimconsulting.wordpress.com
Facebook: Settim Consulting

(Содржините се преземаат само со писмена согласност на СЕТТИМ Консалтинг)

Напишете коментар