ИПАРД поддржува производство и преработка на месо со кофинансирање од 50%.
Потребно е да сте регистрирани како : Земјоделско стопанство;Трговско друштво / трговец поединец; Задруга. Барателот при поднесување на Барањето за користење на средства потребно е да достави доказ дека се исполнети следните стандарди за: Безбедност на храна , Безбедност и здравје при работа, Заштита на животната средина .
Претпријатијата кои се лоцирани во средини (мали градови и села) до 30.000 жители се сметаат за рурални средини и се опфатени од ИПАРД програмата. Исто така, микро претпријатијата до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и мали претрпијатијата кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра влегуваат во ИПАРД критериумите. Потребно е барателите да имаат соодветен доказ (диплома или сертификат) за образование од дејноста или да се согласни дека ќе посетуваат соодветна обука од дејноста.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 3.000 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 550.000 евра во денарска противвредност. За вашата инвестиција може да добиете финансиска неповратна поддршка од ИПАРД од 50% доколку вршите набавка на основни средства за работа (опрема и машини) или пак се инвестира во реконструкција или нова градба во смисла во сите фази (од изведба на градба, енергетски решенија, комунални приклучоци и слично).










