Македонските произведители на алкохолни пијалоци може да ја користат мерката 30211 од ИПАРД програмата за создавање на мали капацитети за производство на алкохолни пијалоци.
Потребно е да сте регистрирани како : Земјоделско стопанство;Трговско друштво / трговец поединец; Задруга или Занаетчија. Барателот при поднесување на Барањето за користење на средства потребно е да достави доказ дека се исполнети следните стандарди за: Безбедност на храна , Безбедност и здравје при работа, Заштита на животната средина .
Фирмите кои се лоцирани во средини (мали градови и села) до 30.000 жители се сметаат за рурални средини и се опфатени од ИПАРД програмата. Исто така, микро претпријатијата до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и мали претрпијатијата кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра влегуваат во ИПАРД критериумите. Потребно е барателите да имаат соодветен доказ (диплома или сертификат) за образование од дејноста или да се согласни дека ќе посетуваат соодветна обука од дејноста.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција изнесува 3.000 евра во денарска противвредност, а пак максималниот износ на прифатливи трошоци изнесува 550.000 евра во денарска противвредност.










