ИПАРД 2007-2013 Печурки, тартуфи и компостирање


pecurki
Тип на инвестиција 30221
ВОВЕДУВАЊЕ НА АЛТЕРНАТИВНИ СИСТЕМИ ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКО ПРОИЗВОДСТВО
Одгледување на печурки и тартуфи и производство на компост за печурки е со поддршка од 65% грант од ИПАРД програмата. Како корисници на средствата за инвестициони проекти по мерка 302 може да се јават:

  1. Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој чии носители се:
    а) Физичко лице овластено да го застапува семејното земјоделско стопанство
    б) Индивидуален земјоделец
    в) Правно лице
  1. Трговски друштва или Трговци поединци регистрирани во Централниот регистар во рангот на микро и мали претпријатија
  2. Занаетчии регистрирани во Регистарот на Занаетчии во согласност со Законот за вршење на занаетчиска дејност и за вршење на занаетчиски дејности кои задолжително се вршат во затворени простории со седиште во руралната средини.
  3. Замјоделски Задруги регистрирани во Централниот регистар со седиште во руралната средина
Претпријатијата кои се лоцирани во средини (мали градови и села) до 30.000 жители се сметаат за рурални средини и се опфатени од ИПАРД програмата. Исто така, микро претпријатијата до 10 вработени со годишен обрт до 2 милиони евра како и мали претрпијатијата кои имаат имаат до 50 број на вработени и се со годишен обрт до 10 милиони евра влегуваат во ИПАРД критериумите. Потребно е барателите да имаат соодветен доказ (диплома или сертификат) за образование од дејноста или да се согласни дека ќе посетуваат соодветна обука од дејноста.
Ви Благодариме,
Тимот на СЕТТИМ Консалтинг
Следете не: Web: www.settimconsulting.wordpress.com
Facebook: Settim Consulting
(Содржините се превземаат само со писмена согласност на СЕТТИМ Консалтинг)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s