Како се спроведува финансиската поддршка на ИПАРД програмата?
Првата фаза е подготовка за пакетот документи за аплицирање. Секоја инвестиција подготвува задолжителни и специфични документи, кои се наведени во упатствата за употреба на програмата на сајтот на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделството. Повеќето инвеститори ангажираат консултанти кои им го менаџираат целиот процес на инвестицијата (средствата за ангажирани консултанти се признаваат и одобруваат).
Потребно е да се исполнат условите за аплицирање (уредни имотно правни документи, уредно сметководство, подмирени давачки по прашања даноци, такси, кредити и слично, подготвени документи за аплицирање како деловен план, уредни понуди, јасна цел за инвестицијата).
Откако ќе бидат испратени сите документи кои се бараат во ИПАРД програмата, уредно подготвени според сите критериуми, следува известување, и доколку е се во ред, во рок од 6-8 месеци, се пристапува кон склучување на Договор за финансирање на вашиот бизнис.
Доделената финансиска поддршка е неповратна.
НЕ СМЕЕ: да има двојно финансирање. Ако купувате машина и истата ви е одобрена од ИПАРД не смее да земате пари од некој друг фонд за истата машина (особено за инвалидните друштва). Во таква ситуација вашиот предмет може да стане предмет на судски спор и враќање на парите на едниот, другиот или двата фонда.
НАПОМЕНА: Овој договор може да го искористите и како гаранција при подигање на кредит од банка доколку немате ваши средства да ја покриете инвестицијата.
Ипард ви одобрува пари за:
Сите трошоци направени за архитекти и инжењери, консултанти, физибилити студии, сертификати, патенти, лиценци, стандарди, и слично, кои се однесуваат на:
– подготвување на документацја за ИПАРД
– идејно решенние или основен архитектонски проект
– ревизиј ана архитектонскиот проект
– заверка во ИЗИС на архитектонскиот план
– ИСО сертификат, ХАСПП и сл.
– физибилити студии, анализи и слично.
——————————————————————————————————————
Други прифатливи трошоци
– целосна градба и реконструкција на објекти
– набавка на НОВИ машини
– набавка на НОВА опрема
– набавка на НОВИ компјутери и софтвер
-воведување на Стандарди
-еколошки решенија
-енергетска ефикасност, алтернативни извори на енергија за сопствена потрошувачка
За сите прифатливи трошоци се врши проверка и треба да се содржани на списоците и листите за одобрени држави за добавувачи, или одобрени сорти во случај на садници и слично.
Неприфатливи трошоци
Нема да се прифатат и признаат трошоците а со тоа не се покриени од ИПАРД:
-
даноци, царини, давачки од увоз
-
кирија, казни, трошоци од судски спорови;
-
нотарски заверки, судски преводи, банкарски порвизии
-
не смее да с енабават половни машини и половна опрема
-
не се признава купување на земјиште или локација










