Основни напомени кога ја планирате вашата ИПАРД инвестиција – кои трошоци се признаваат а кои не се признаваат


Untitled
Како се спроведува финансиската поддршка на ИПАРД програмата?
Првата фаза е подготовка за пакетот документи за аплицирање. Секоја инвестиција подготвува задолжителни и специфични документи, кои се наведени во упатствата за употреба на програмата на сајтот на Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој и земјоделството. Повеќето инвеститори ангажираат консултанти кои им го менаџираат целиот процес на инвестицијата (средствата за ангажирани консултанти се признаваат и одобруваат).
Потребно е да се исполнат условите за аплицирање (уредни имотно правни документи, уредно сметководство, подмирени давачки по прашања даноци, такси, кредити и слично, подготвени документи за аплицирање како деловен план, уредни понуди, јасна цел за инвестицијата).
Откако ќе бидат испратени сите документи кои се бараат во ИПАРД програмата, во рок од 6-8 месеци (доколку се работи за машини и опрема) и 8-12 месеци доколку се работи за градба, уредно подготвени според сите критериуми,  следува известување, и доколку е се во ред, се пристапува кон склучување на Договор за финансирање на вашиот бизнис во висина од 50% (во некои случаи кај мерка 101 според одредени критериуми и до 75%).
Доделената финансиска поддршка е неповратна.
НЕ СМЕЕ: да има двојно финансирање. Ако купувате машина и истата ви е одобрена од ИПАРД не смее да земате пари од некој друг фонд за истата машина (особено за инвалидните друштва). Во таква ситуација вашиот предмет може да стане предмет на судски спор и враќање на парите на едниот, другиот или двата фонда.
НАПОМЕНА: Овој договор може да го искористите и како гаранција при подигање на кредит од банка доколку немате ваши средства да ја покриете инвестицијата.
Ипард ви враќа пари за:
Сите трошоци направени за архитекти и инжењери, консултанти (СЕТТИМ Консалтинг), физибилити студии, сертификати, патенти, лиценци, стандарди, и слично, кои се однесуваат на:
– подготвување на документацја за ИПАРД
– идејно решенние или основен архитектонски проект
– ревизиј ана архитектонскиот проект
– заверка во ИЗИС на архитектонскиот план
– ИСО сертификат, ХАСПП и сл.
– физибилити студии, анализи и слично.
Овие трошоци направени од 2007 наваму се однесуваат на вашата инвестиција ИПАРД ги покрива со 50% враќање на вашите исплати.
Други прифатливи трошоци
– целосна градба и реконструкција на објекти
– набавка на НОВИ машини
– набавка на НОВА опрема
– набавка на НОВИ компјутери и софтвер, но ако се набавени после склучување на договорот со ИПАРД
– набавка на садници
За сите прифатливи трошоци се врши проверка и треба да се содржани на списоците и листите за одобрени држави за добавувачи, или одобрени сорти во случај на садници и слично.
Неприфатливи трошоци
Нема да се прифатат и признаат трошоците а со тоа не се покриени од ИПАРД:
  • даноци, царини, давачки од увоз
  • кирија, казни, трошоци од судски спорови;
  • нотарски заверки, судски преводи, банкарски порвизии
  • не смее да с енабават половни машини и половна опрема
  • не се признава купување на земјиште или локација
Ви Благодариме,
Тимот на СЕТТИМ Консалтинг
Следете не: Web: www.settimconsulting.wordpress.com
Facebook: Settim Consulting
(Содржините се превземаат само со писмена согласност на СЕТТИМ Консалтинг)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s