ИПАРД 2007-2013 Дом за стари лица, градинка за деца, дневни центри


ИПАРД програмата дава 65% непоовратни средства за изградба на старски дом или дневен центар за стари лица и изградба на градинка или дневен центар за деца или инвалидизирани лица.
Мерка 302. Диверзификација и развој на рурални економски активности
Тип на инвестиција 30215 ПОДДРШКА ЗА УСЛУЖНИ ДЕЈНОСТИ ВО РУРАЛНИ СРЕДИНИ (НЕЗЕМЈОДЕЛСКИ УСЛУГИ)

Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013 изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност
Локацијатата на инвестицијата мора да се наоѓа во рурална средина (сите населени места под 30.000 жители се сметаат за рурални).
Во случај на инвестиции во воспоставување на установа за социјална заштита – дневен центар за стари и возрасни лица, потребно е Барателот да има Одобрение за основање на установа за социјална заштита издадено од страна на Министерство за Труд и Социјална Политика согласно Законот за социјална заштита .

 

Тоа значи дека дејностите на социјална заштита со сместување и нега да бидат во согласност со Правилникот за нормативите и стандардите за простор, опрема ,стручни кадри и средства потребни за основање и започнување со работа на установа за социјална заштита – дневен центар за стари и возрасни лица – Министерство за Труд и Социјална Политика.
Барателот на крајот на реализација на инвестицијата потребно е да достави Решение за започнување со работа издадено од страна на Министерството за труд и социјална политика на РМ согласно Законот за социјална заштита.

 

Исто така и за инвестиции во воспоставување на установа за социјална заштита на деца, Барателот треба да има Одобрение за основање на установа за социјална заштита издадено од страна на Министерство за Труд и Социјална, Политика согласно Законот за социјална заштита .
Односно, дејностите на дневна социјална заштита на деца треба да бидат во согласност со Правилник за стандардите и нормативите за вршење на дејноста на установите за деца  – Министерство за Труд и Социјална Политика, Барателот на крајот на реализација на инвестицијата потребно е да се достави Решение за започнување со работа издадено од страна на Министерството за труд и социјална политика на РМ согласно Законот за социјална заштита.
ВАЖНО: ОДОБРЕНИЕТО ЗА ОСНОВАЧ НА УСТАНОВА И РЕШЕНИЕТО ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ СО РАБОТА СО УСТАНОВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА ТРЕБА ДА БИДЕ ИЗДАДЕНО НА ИМЕ НА ПОДНОСИТЕЛОТ НА БАРАЊЕТО ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА МЕРКА 302.
Ви Благодариме,
Тимот на СЕТТИМ Консалтинг
Следете не: Web: www.settimconsulting.wordpress.com
Facebook: Settim Consulting
(Содржините се преземаат само со писмена согласност на СЕТТИМ Консалтинг)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s