ИПАРД 2007-2013 Фарма за молзни крави, овци и кози


krava
Поседувате или сакате да направите нова фарма на крави или овци?
ИПАРД е добро решение во мерка 101 за сектор добиток (млечни, гоење) до ниво на обработка и директен маркетинг од сопствено производство на фарма:
-Млеко и млечни производи,
-Месо и производи од месо.

Начинот  на финансирање е со кофинансирање од 60% до 70% и тоа:
– 65% за инвестиции во земјоделски стопанства од страна на млади земјоделци;
– 70% за инвестиции во земјоделски стопанства во планински области
Минималните вкупни прифатливи трошоци предложени заинвестициониот проект од оваа мерка е 3 000 евра. Максималната вкупна помош, која се доделува на еден примач во рамките на оваа мерка е 1 500 000 евра за целиот период на спроведувањето на Програмата
Стапка на интензитетот максимална помош ќе биде зголемена за 10 проценти за сите приоритетни кандидати кои ги исполнуваат поените по одредена точка.
 Критериум за достигнување на стандардите за благосостојба на  животните е минимум 5м² површина за одгледување молзна крава и 1,4 м² за молзни овци и кози, изземајќи ги боксовите за одмарање.
Кој може да биде корисник по мерка 101-Потенцијален корисник?
Поддршка може да добие Земјоделско стопанство кое е регистрирано во Единствениот Регистар на Земјоделски стопанства (ЕРЗС) при МЗШВ во согласност со Законот за Земјоделство и Рурален развој.
Земјоделско Стопанство може да биде регистрирано во ЕРЗС како семејно земјоделско стопанство претставувано од физичко лице или индивидуален земјоделец или како земјоделско стопанство претставувано од правно лице.
Физички лица и правни лица, кои што предлагаат нови инвестиции кои се однесуваат на земјоделски активности во соодветен приоритетен сектор се соодветни за поддршка доколку ги исполнуваат специфичните услови од подмерките од ИПАРД Програмата при што ќе бидат регистрирани во Единствениот Регистар на Земјоделски стопанства (ЕРЗС) на крајот на реализација на инветицијата;
Правни лица можат да добијат поддршка доколку во својот вкупен капитал имаат удел од државата во висина не повеќе од 25% за целото времетраење на проектот и во период од најмалку 5 години од завршување на инвестиционата активност финансирана од оваа програма се прифатливи потенцијални корисници за користење на средства од ИПАРД Програмата 2007-2013. Корисникот за цело времетраење на договорот склучен со АФПЗРР не смее да го смени сопствениот статусот, односно не смее да преминува од еден во друг организационен облик (пр. од физичко во правно лице).
Општи услови за корисници
Одговорното лице/Управителот на правното лице, кој го застапува правното лице во постапката пред Агенцијата, треба да е во редовен работен однос во правно лице кое се јавува како барател на финансиската поддршка.
Потенцијалниот корисник треба да има завршено најмалку средно образование, или да поседува доказ за стручна оспособеност од областа поврзана со инвестицијата или да достави изјава дека се согласува да учествува на професионална обука која ќе биде организирана во рамките на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој пред исплата.
Ви Благодариме,
Следете не: Web: www.settimconsulting.wordpress.com
Facebook: Settim Consulting
(Содржините се преземаат само со писмена согласност на СЕТТИМ Консалтинг)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s