ИПАРД 2007-2013 Мед и пчелин восок


pcelari
Доколку се занимавате со производство на мед и пчелин восок може да ги искористите средствата од ИПАРД програмата, мерка 302.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013 изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.

Критериуми кои треба да ги исполнувате се следни:
-Локацијата на која е планирано да се реализира инвестицијата да се наоѓа во рурална средина. Сите населени места кои се под 30.000 жители (мали градови и селата) се сметаат за рурални средини.
-Да сте регистрирани како:
1.Земјоделско стопанство
Носителот / одговорното лице на земјоделското стопанство треба да достави соодветен доказ за завршено минимум средно образование или високо образование – диплома или друг доказ односно сертификат за посетена обука релевантна за инвестицијата или да доставите потпишана изјава дека барателот се согласува да учествува на професионална обука релевантна за инвестицијата.
2.Трговско друштво / трговец поединец
Барателот потребно е да се достави доказ за знаења за безбедност на храната на вработените лица (односно: I) Доказ за завршено средно или високо образование: важечко за дејноста II) Сертификат за завршена обука за хигиена на храна и заштита на животната средина за вработените лица.
Критериуми за големина на претпријатие:
Доколку сте рангирани во категорија на мало претпријатие потребно е бројот на вработени да е до 50, годишен приход или биланс на состојба да биде помал од 10 милиони евра.
Доколку сте рангирани во категорија на микро претпријатие потребно е бројот на вработени да е до 10 вработени, годишен приход или биланс на состојбата да биде до 2 милиони евра.
3.Задруга
Барателот потребно е да се достави доказ за знаења за безбедност на храната на вработените лица (односно: I) Доказ за завршено средно или високо образование: важечко за дејноста II) Сертификат за завршена обука за хигиена на храна и заштита на животната средина за вработените лица.
-Барателот за користење на оваа мерка потребно е да достави доказ дека се исполнети следните стандарди за:  Безбедност на храна – (Потврда за регистриран оператор со храна – Агенција за храна и ветеринарство), Безбедност и здравје при работа (Записник за исполнување на стандардите за безбедност и здравје при работа – Државен инспекторат за труд), Заштита на животната средина – (Решение за одобрен елаборат за заштита на животна средина.
Ви Благодариме,
Тимот на СЕТТИМ Консалтинг
Следете не: Web: www.settimconsulting.wordpress.com
Facebook: Settim Consulting
(Содржините се превземаат само со писмена согласност на СЕТТИМ Консалтинг)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s