ИПАРД 2007-2013 Ресторани и Сместување- Рурален туризам


Сите населени места кои се под 30.000 жители (мали градови и селата) се сметаат за рурални средини.
Рестораните треба да бидат со економски капацитет максимум за 70 лица, и да поседуваат потврда од Министерството за Економија на Република Македонија.
Куќите за сместување треба да се со капацитет за внатрешно сместување не повеќе од 30 соби, за сместување на максимум 50 лица.
Управителот треба да биде со угостителско средно образование, или ако има несоодветно средно образование да се стекнал со сертификат или обука од дејноста на угостителството. Треба да е во редовен работен однос, или со договор склучен на подолг временски рок од 5 години по завршување на инвестицијата.

За угостителска дејност е можно финансирање преку
МЕРКА 302– ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА И РАЗВОЈ НА РУРАЛНИ ЕКОНОМСКИ АКТИВНОСТИ
ПОДМЕРКА 30241– ИЗГРАДБА/РЕКОНСТРУКЦИЈА И МОДЕРНИЗИРАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ЗА РУРАЛЕН ТУРИЗАМ
ПОДМЕРКА 30242 – ИЗГРАДБА И/ИЛИ РЕКОНСТРУКЦИЈА И МОДЕРНИЗАЦИЈА НА КАПАЦИТЕТИ ЗА СМЕСТУВАЊЕ НА ОТВОРЕНО
Се финансира со износ од 50% неповратни средства од вкупната инвестиција.
Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013 за подмерка 30241 изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.
Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013 за подмерка 30242 изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност
ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА МОЖЕ ДА ДОБИЈАТ
  1. Земјоделско стопанство
  2. Трговско друштво / трговец поединец
  3. Физичко лице
КРИТЕРИУМИ ЗА ГОЛЕМИНА НА КАПАЦИТЕТ ЗА СМЕСТУВАЊЕ И КАПАЦИТЕТИ ЗА ИСХРАНА
– Капацитетот за внатрешно сместувањето не смее да биде повеќе од 30 соби за сместување на максимум 50 лица (невклучувајќи ги дополнителните кревети за деца), и/или
– Капацитетот за сместување на отворено не смее да биде повеќе од 30 сместувачки единици и за сместување на максимум 90 лица (не вклучувајќи ги дополнителните кревети за деца), и/или
– Капацитетот на угостителскиот објект / објектот за дегустација може да бидат организирани за послужување на храна на максимум 70 гости.
Ви Благодариме,
Тимот на СЕТТИМ Консалтинг
Следете не: Web: www.settimconsulting.wordpress.com
Facebook: Settim Consulting
(Содржините се превземаат само со писмена согласност на СЕТТИМ Консалтинг)

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s