ИПАРД 2007-2013 Плочест мебел-дрвна индустрија


settim drvna industrija
За дрвната индустрија е можно кофинансирање преку МЕРКА 302- ДИВЕРЗИФИКАЦИЈА И РАЗВОЈ НА РУРАЛНИ ЕКОНОМСКИ АКТИВНОСТИ во подмерка 30212: Создавање на активности за непрехрамбени активности и подмерка 30214 Промовирање на традиционални занаети, во ИПАРД програмата (2007-2013). Со оваа мерка опфатени се инвестиции  кои се лоцирани во рурални средини (мали градови и села) до 30.000 жители.

Во подмерка 30212 прифатливи баратели се: микро/мало трговско друштво или трговски поединец, земјоделско стопанство, задруга, занаетчија.
Под микро/мало претпријатие се подразбира претпријатие со 10 или помалку вработени и годишен приход до/помал од 2.000.000 евра. Големината на субјектот се утврдува според документот „ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА” издаден од Централен Регистар на Република Македонија. За новоформираните ќе се утврди според Деловниот план или Техничкиот предлог проект.
Минималната прифатлива вредност на инвестиција по поднесено Барање за финансика поддршка изнесува 1.500 евра во денарска противвредност. Максималниот износ на прифатливи трошоци по корисник за целокупниот временски период за имплементација на ИПАРД ПРОГРАМАТА 2007-2013 изнесува 1.000.000 евра во денарска противвредност.
Барателот при поднесување на Барањето за користење на средства за мерка 302 потребно е да достави доказ дека се исполнети следните стандарди за:
􀳦 Безбедност и здравје при работа (Записник за исполнување на стандардите за безбедност и здравје при работа – Државен инспекторат за труд, доколку барателот поседува функционален објект кој е предмет на инвестиција и во истиот се врши соодветната дејност)
􀳦 Заштита на животната средина – (Решение за одобрен елаборат за заштита на животна средина, А/Б интегрирана еколошка дозвола или поднесено барање за издавање на А/Б интегрирана еколошка дозвола – Единица на локална самоуправа или Министерство за животна средина).
Ви Благодариме,
Тимот на СЕТТИМ Консалтинг
Следете не: www.settimconsulting.wordpress.com
Facebook: Settim Consulting

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s